Wednesday, May 15, 2013

Одлични криминалистички ТВ серии кои се издвојуваат од останатите


Одвреме-навреме сите посакуваме да почнеме со гледање на некоја криминалистичка ТВ серија, бидејќи сакаме малку да избегаме од секојдневните реални настани. Но, изборот е преголем и доколку некогаш решите да побарате предлози од пријателите – најчесто се случува сите да ви препорачаат нешто сосема различно и уште повеќе да ви го отежнат изборот… Поради тоа составивме листа која ги содржи оние кои се издвојуваат по својата содржина, како и по ликовите од сите „класични“ и добро познати криминалистички
серии:

1. Коски (Bones)

Одлични криминални ТВ серии кои се издвојуваат од останатите
„Коски“ е ТВ серија инспирирана од животот на форензичкиот антрополог Кaти Ричс. Главните улоги им припаѓаат на Емили Дешанел (Темперанс Бренан) и Дејвид Бореанз (Сили Бут).
Приказна: Брилијантната, но асоцијална д-р Темперанс Бренан има свој тим во Институтот Џеферсонијан, Вашингтон. Тие работат на убиства каде што жртвите не можат да бидат идентификувани по стандардните методи. Бренан работи со коските на жртвите, преку кои на уникатен начин дознава која била причината за смртта.
Највозбудливиот дел според фановите на оваа ТВ серија е односот кој таа го има со нејзиниот партнер, специјалниот агент од ФБИ – Сили Бут. Емпиричниот, буквалниот и целосно реален поглед кон светот на Бренан, често е во конфликт со емотивниот и интуитивниот пристап на Бут создавајќи лесно избувлив однос помеѓу нив. Но, како што се зголемува бројот на нивните заеднички случаи, работите полека почнуваат да се променуваат…
Дали да почнете да ја гледате?
Во секоја епизода има доста реално прикажани жртви, кои најчесто се пронаоѓаат во многу лоша состојба. Анализата на телата кои ги вршат во Институтот честопати се малку непријатни за гледање и дефинитивно нема да им се допаднат на оние кои не сакаат да гледаат многу крв или друг вид на човечки остатоци… Но, ако ви се допаѓаат криминални предизвици и непредвидливи ситуации, како и невообичаена љубовна приказна – оваа серија е совршена за вас.

2. Криминални умови (Criminal Minds)

Одлични криминални ТВ серии кои се издвојуваат од останатите
„Криминални умови“ е ТВ серија инспирирана од најстрашните случаи на сериски убиства во Америка. Главните улоги им припаѓаат на Томас Гибсон (Арон Хочнер), Метју Греј Гублер (д-р Спенсер Рид), Шимар Мур (Дерек Морган), Еј Џеј Кук (Џенифер „Џеј Џеј“ Џероу), Кристен Вагнес (Пенелопи Гарсија) и Џоу Мантенја (Дејвид Роси).
Приказна: Во Квантико, Вирџинија се наоѓа единицата за анализа на однесувањето, која е дел од ФБИ. Тие се елитна група на агенти кои прават профили на најстрашните криминални умови во државата. Сите припадници на тимот се многу блиски и тоа е една од уникатните карактеристики според кои се одликува оваа ТВ серија. Покрај случаите, со секоја епизода дознавате и нешто повеќе за ликовите и како тие успеваат да се снајдат во секојдневниот „нормален“ живот после соочување со најопасните „чудовишта“ на работа.
Дали да почнете да ја гледате?
Случаите кои се обработуваат во оваа ТВ серија се многу тешки за гледање. Од вас се бара постојано активно да ги следите настаните, кои често знаат да бидат многу потресувачки. Најголемите обожаватели на „Криминални умови“ велат дека одредени епизоди знаат психички да ги изморат, но доколку сакате несекојдневни и интензивни психолошки предизвици или пак да дознаете нешто повеќе за мотивите и размислувањата на сериските убијци – оваа серија е одлична за вас…

3. Касл (Castle)

Одлични криминални ТВ серии кои се издвојуваат од останатите
„Касл“ е писател кој по сплет на околности ќе почне да работи со полицијата. Главните улоги им припаѓаат на Нејтан Филион (Ричард Касл) и Стејна Кетик (Кејт Бекет).
Приказна: Откако еден сериски убиец ќе ги имитира заплетите од неговите книги, Касл ќе добие дозвола од градоначалникот на Њујорк (кој е голем фан на неговите книги) да го следи тимот одговорен за убиствата во градот за истражувачки цели. Тој со своите шеги и интересни досетки брзо ќе стане број 1 помеѓу машкиот дел од тимот, но не и кај водачот на тимот – детективката Кејт Бекет. Но, и покрај тоа што таа нема никогаш да признае, тој полека ќе почне да ја освојува со неговиот иновативен пристап кон решавање на убиствата.
Дали да почнете да ја гледате?
Случаите во оваа ТВ серија се уникатни и многу интересни. Тие се нешто сосема ново од тоа што досега сме го гледале во криминалните серии и филмови. Додека ги гледате епизодите буквално ќе се чувствувате како да читате книга. Фановите велат дека „Касл“ е многу лесна и забавна ТВ серија која со сигурност ќе ве одмори и расположи.

4. Нејви (NCIS)

Одлични криминални ТВ серии кои се издвојуваат од останатите
„NCIS (Naval Criminal Investigative Service)“ ги истражува сите случаи на убиства каде што жртвата е припадник на морнарицата како и одредени терористички ситуации. Главните улоги ги толкуваат Марк Хармон (Лирој Џетро Гибс), Мајкл Ветерли (Ентони Динозо), Кот Де Пабло (Зива Давид), Шон Мјури (Тимоти Мекги), Поли Перет (Аби Шуто) и Дејвид Мекалум (Доналд Малард).
Приказна: Специјалниот агент Гибс е водач на тимот за брз одговор на големи случаи во Вашингтон. Тој е бивши маринец, кој е одличен истражувач и е многу вешт во салата за испитување на осомничени. Гибс се води по својот инстинкт „во стомакот“ на кој му верува исто колку и на физичките докази. Неговите уникатни начини на водење на тимот прават оваа серија целосно да се издвојува од сите останати. Тимот е составен од многу различни карактери кои совршено функционираат како целина.
Дали да почнете да ја гледате?
Одлична истражувачка серија исполнета со многу акција, чувства и хумор. Секој глумец совршено одговара на својата улога и поради тоа изгледа како тие воопшто и да не глумат. Доколку сте расположени за сериозна криминална ТВ серија која обработува доста реални случаи – „Нејви“ е совршениот избор за вас.

5. Нејви: Лос Анџелес (NCIS: Los Angeles)

Одлични криминални ТВ серии кои се издвојуваат од останатите
„Нејви: Лос Анџелес“ на прв поглед можеби и многу наликува на оригиналната „Нејви“. Но, ако подобро ја погледнете ќе видите дека станува збор за нешто сосема различно… Главните улоги им припаѓаат на Крис Одонел (Г. Кален), Ел Ел Кул Џеј (Сем Хана) и Даниела Руа (Кензи Блај).
Приказна: Хенриета „Хети“ Ланг (Линда Хант) е водачот на тим кој е одговорен за посебни проекти поврзани со најтешките случаи во Лос Анџелес каде што многу често од агентите се бара да работат „тајно“ на случаите. Во неколку епизоди ликовите од оригиналната „Нејви“ се појавуваат како засилување… Различноста на ликовите и тука многу добро се забележува, но тоа што ја прави оваа серија да се издвојува е пристапот со кој тимот доаѓа до решението.
Дали да почнете да ја гледате?
Сериозноста и реалноста на случаите кои се обработуваат во оваа серија е на исто ниво како и во оригиналната „Нејви“. Но, доколку повеќе сакате ситуации со тајни агенти, псевдоними и инфилтрирање во различни организации, тогаш „Нејви: Лос Анџелес“ е вашиот совршен избор.

Краток филм: „Вистински момент“



Спонтаните, невини случки се токму оние кои долго се паметат и се врежуваат во нашето срце, особено ако се проследени со љубовни чувства. Таква е и оваа приказна: наивна, чиста, искрена, спонтана, длабока и успева за момент да им го затрепери срцето на гледачите.
Краток филм: „Вистински момент“

Содржина: Млада Французинка шета низ англиски град во вечерните часови, обидувајќи се да пронајде некој интересен објект за фотографирање. Шетајќи стигнува до автобуската станица, каде му се обраќа на едно момче за да дознае кога е следниот автобус…

                    


Сценариото и режијата на овој филм ги направил Британецот Лоренс Бурк, а улогите ги толкуваат убавата Лаетитиа Де Лафор и згодниот Џони Прчејз. Со самоуверен перформанс, двајцата млади актери му даваат свежина и различност на филмот, доловувајќи го чудниот момент во младиот, а возрасен живот, кога несигурноста ја ниша човечката самодоверба.
Краток филм: „Вистински момент“

Хорор филмски маратон


Одвреме-навреме секој од нас има потреба да биде добро исплашен и хорорите понекогаш навистина знаат да допрат до нас на тој начин. Почнувајќи од познатиот Фреди Кругер, па сè до класичните приказни за сериски убијци, духови и вонземјани, следува листа од неколку понови филмови кои навистина вреди да ги погледнете. Ви посакуваме да имате многу страв и забава со вашите најблиски за време на овој хорор-маратон. Уживајте!

Хорор филмски маратон


Кошмар на улицата Елм (A Nightmare on Elm Street) – 2010

Хорор филмски маратонРежисер: Семјуел Бајер
Актери: Џеки Ирли Хејли, Руни Мара, Кајл Гарнер
Времетраење: 95 минути
Наша оценка: 6
Кратка приказна: Овој филм е повторно враќање на познатата хорор-икона Фреди Кругер на големите платна. Станува збор за сериски убиец кој има вградено четири сечила во своите прсти и ги убива жртвите во нивните соништа, што резултира со смрт и во реалноста.

Пушти ме внатре (Let Me In) – 2010

Хорор филмски маратонРежисер: Мет Ривс
Актери: Коди Смит-Мекфи, Клои Грејс Моретс, Ричард Џенкинс
Времетраење: 116 минути
Наша оценка: 8
Кратка приказна: Младо момче кое секојдневно го малтретираат во училиште се спријателува со новата сосетка, која се појавува само навечер на игралиштето пред нивната зграда. Но, тој не знае дека таа е млада вампирка која живее во тајност со својот старател.

Будење (The Awakening) – 2011

Хорор филмски маратонРежисер: Ник Марфи
Актери: Ребека Хол, Доминик Вест, Имелда Стаунтон
Времетраење: 107 минути
Наша оценка: 7
Кратка приказна: Во 1921 година во Англија владее огромна тага за сите загуби во Првата светска војна. Арогантната и скептична Флоренс Кеткарт (Ребека Хол) ѝ помага на полицијата при разоткривање на измамите. Но, посетата на едно училиште целосно ќе ја промени нејзината скептичност на оваа тема…

Суштеството (The Thing) – 2011

Хорор филмски маратонРежисер: Матхис ван Хеининген
Актери: Мери Елизабет Винстед, Џоел Едгертон, Улрик Томсен
Времетраење: 103 минути
Наша оценка: 6
Кратка приказна: На едно истражувачко место на студениот Антартик, тим од научници ќе пронајдат вонземско летало за кое веруваат дека било таму повеќе од 100.000 години. Недалеку од местото на слетување, тие ќе ги најдат и остатоците од суштеството кое управувало со леталото…

Последна дестинација 5 (Final Destination 5) – 2011

Хорор филмски маратонРежисер: Стивен Куал
Актери: Николас Дагосто, Ема Бел, Арлен Ескарпита
Времетраење: 92 минути
Наша оценка: 6
Кратка приказна: Во овој дел од „Final Destination“ група на патници кои се возат во автобус успеваат да го преживеат рушењето на мостот пред нив, поради визијата на Сем Лотон (Николас Дагосто). Но, тие многу брзо ќе сфатат дека не е лесно да ѝ се избега на смртта…

Колибата во шумата (The Cabin in the Woods) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Дру Годарт
Актери: Кристен Коноли, Крис Хемсворт, Ана Хачисон
Времетраење: 95 минути
Наша оценка: 7
Кратка приказна: Пет пријатели одат на одмор во далечна колиба во шумата, каде што ќе добијат многу повеќе од тоа за кое што се договориле. Заедно, тие мора да ја откријат вистината позади оваа колиба ако сакаат да преживеат…

Високиот човек (The Tall Man) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Паскал Логиер
Актери: Џесика Биел, Џодел Ферланд, Вилијам Б. Дејвис
Времетраење: 106 минути
Наша оценка: 7
Кратка приказна: Кога нејзиното дете ќе исчезне, Џулија Денинг (Џесика Биел) ќе проба да ја разреши мистеријата за „високиот човек“ кој наводно со години киднапира мали деца…

Опседнатост (The Possession) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Оле Борнедал
Актери: Наташа Калис, Џефри Дин Морган, Кајра Седвиг
Времетраење: 92 минути
Наша оценка: 8
Кратка приказна: Младо девојче купува античка кутија без да знае дека во неа живее многу злобен стар дух кој ќе ја опседне. Нејзиниот татко со помош од неговата бивша жена пробува да најде начин како да ја прекине клетвата која е фрлена на нивното дете.

Дневниците од Чернобил (Chernobyl Diaries) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Бредли Паркер
Актери: Џеси Мекартни, Џонатан Садовски, Оливија Дадли
Времетраење: 86 минути
Наша оценка: 6
Кратка приказна: Шест туристи најмуваат водич за екстремни тури кои ќе ги одведе до напуштениот град Припијат, поранешниот дом на работниците од нуклеарниот реактор Чернобил. За време на нивната необична посета, тие многу брзо откриваат дека не сами во градот…

Македонски филмски хроники


Да се потсетиме на почетоците на македонската кинематографија. Што се случуваше на ова поле од 1905 до 1952 година, односно од амбициозните обиди на Манакиевци, па сè до смелиот потег на Воислав Нановиќ, да го создаде „Фросина“…Македонски филмски хроникиПрвите подвижни слики на браќата Јанаки и Милтон Манаки (првите филмски сниматели на Балканот), во кои нивната 114-годишна баба Деспина преде во дворот во родната Авдела, ја означија ерата на македонскиот филм. Емотивните кадри во нивниот пионерски подвиг, се направени во 1905 година, со 35 мм филмска камера „Bioscope Но.300“, во производство на Charles Urban Trading Co.
Тие продолжиле да снимаат панаѓури и свадбени и верски обреди, а три години подоцна, во 1908-та, на филмската лента ја ставиле и Младотурската револуција. На оваа тема изработиле три црно-бели документарци: 4-минутниот „Парада по повод Хуриетот“, 2-минутниот „Манифестации по повод Хуриетот“ и „Манифестации по повод Младотурската револуција“, кој исто така, трае само две минути.
Покрај важните историски моменти, Манакиевци правеле снимки и од народните обичаи во земјата, танците, сцените од секојдневието… Во 1911 година, тие снимиле и три репопртажи. Првата е за посетата на турскиот султан Мехмед V Решад на Солун и Битола, втората за доаѓањето на романската делегација во Битола, Гопеш и Ресен, и третата за погребот на гревенскиот митрополит Емилијанос. 10 години подоцна, во 1921-та, браќата ја направиле и првата филмска проекција во дворот на нивното кино „Манаки“ во Битола…Македонски филмски хроникиВо 1923 година, македонската историја на филмот продолжува со Арсениј Јовков, по чие сценарио е снимен 10-минутниот документарец „Македонија“, финансиран од Илинденската организација. Филмот е поделен на два дела, а неговата цел била одбележување на 20-годишнината од Илинденското востание. За жал, сочуван е само првиот дел. Тој содржи фотографии и информации за македонските револуционери и за нивните родни места. На 2-ри август, снимено е пренесувањето на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од куќата на Михаил Чаков кон катедралната црква Света Недела во Софија, каде тие биле погребани.
1935-тата, на сцена стапува доајенот на македонската документаристика и фотограф, Благоја Дрнков, со аматерскиот документарец „Католичка процесија“. Станува збор за црковен чин, претставен во шест филмски кадри. Процесијата се движи од Плоштадот кон Железничката станица во Скопје. Во кадрите, меѓу другото, се гледаат и Ристиќевата палата и Офицерскиот дом. Во овој период е снимен и филмот „Борба со петли“, на Никола Хаџи-Николов во соработка соДрнков. Не е зачувана ниту една копија од него.
Три години подоцна, дел од македонската филмографија стануваат и прилепчанецот Кирил Миноски и охриѓанецот Благоја Поп-Стефанија. Во 1938година, двајцата пријатели реализирале три кратки филмови со 8 мм камера „Мовекс“. Миновски е заслужен за „Противпожарно друштво во Прилеп“ и „Деца крај езерскиот брег“. Првиот негов филм се состои од 53 кадри, а вториот од 8. Поп-Стефанија пак, го снимил филмот „На плажа“, составен од само 4 кадри.
Истата година, Дрнков го изработил аматерскиот филм „Свадбата на Ферчо Стојанов и Вера Глигорова“. Преку 7 кадри, во него е прикажана типична свадбарска прошетка на младенци и сватови во Штип. Во еден од нив се појавува и поранешниот претседател Киро Глигоров, чија сестра е невестата во филмот.Македонски филмски хроники1939 е исто така, година на Благоја Дрнков. Тогаш ги реализирал филмовите „Едриличарски митинг“ и „Бомбардирана Битола“. Првиот е филмски запис за едриличарскиот митинг одржан 1939 година на Зајчев рид, Скопје. Тој содржи стотина кадри од целата манифестација. Вториот документарец, изработен во 20 филмски кадри, зборува за последиците од бомбардирањето на Битола, преку траорна слика од урнатини, потиштени лица кои чекаат во редици за парче леб…
Во периодот помеѓу 1939 и 1940 година, македонската кинематографија станува побогата за уште еден авторски документарец. Снимен е 11-минутниот колор филм „Галичник“ на познатиот кумановски фотограф, Сифрид Миладинов. Во овој филмски запис, прикажано е како се враќаат печалбарите, претставени се убавините на Галичник и обичаите на Галичката свадба.Македонски филмски хроникиВо 1940 година охриѓанецот Поп-Стефанија снима уште еден аматерски филм со 8 мм камера „Мовекс“. Станува збор за насловот „Слет“. Во него низ 13 кадри прикажан е фискултурен слет на кејот покрај Охридското езеро.
Во 1942-таДрнков изненадува со два нови филма: „Фудбалски натпревар меѓу Левски и Македонија“ и „Воен коњички натпревар“. Оваа година и пријателитеКирил Миноски и Благоја Поп-Стефанија уште еднаш ги здружуваат силите и го реализираат краткиот филм „Скијачи на Буково“.
По три години пауза, во 1945-та повторно доаѓа времето на Дрнков. Тој ги реализира филмовите: „Првомајска парада во Скопје 1945“, „Второто заседание на АСНОМ“, „Пречекот на Димитар Влахов во Куманово и Скопје“, „48-ма дивизија“ и „Свечено пуштање во употреба на железниот мост во Скопје“.Македонски филмски хроники1947 – реализирани се првите македонски документарни филмови во производство на „Филмско Скопје“. Во режија на Трајче Попов снимен е „Жито за народот“. Во него, тема е стопанството во Македонија во тој период. Вториот филм е „Во избори за нови победи“ на Дрнков, по сценарио на Коле Чашуле. Станува збор за првите избори за народни одбори во Македонија. Документарецот ја третира повоената изградба и  културниот, просветниот и стопанскиот живот во земјата.
Година подоцна, во 1948-та се случува „Сточарството денес“, во продукција на „Вардар филм“. Тој е 8-минутен документарец режиран од Киро Билбиловски, за процесот на одгледување овци, преработката на млекото и производството на сирење и кашкавал. „Вардар филм“ застанува и зад „Идните чувари на народното здравје“ и „Пред октомвриските фестивали“ на Дрнков, „Низ Пиринска Македонија“ на Трајче Попов и „Илинден 1948“ на Ацо Петровски.Македонски филмски хроникиВо 1949 година „Вардар филм“ продолжува со документарните филмови. Снимени се „Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија“ на Трајче Попов и „11 Октомври“ на Благоја Дрнков.
Веќе наредната година, следуваат документарците „Радосно детство“ на Дрнков, „Народна техника“ и „Памук“ на Кочо Недков, „Пет години НРМ“ на Киро Билбиловски и „По долината на Вардар“ на Трајче Попов. Филмот на Дрнков, во 23 минути го претставува процесот на воспитување и начинот на забава кај децата. 14 минути покусиот филм „Народна техника“ на Недков, зборува за техничката култура и знаењето по ослободувањето. Во неговиот втор наслов, режисерот го прикажува производството на памук во Македонија, во работната задруга на селото Градошарци. Билбиловски пак, во 40 минути, ги обработува темите: здравство, образование, социјална грижа, земјоделско стопанисување, сточарство, односно сите достигнувања на земјата по добивањето на државноста, а во три минути подолгиот документарен филм на режисерот Попов, прикажан е развојот на регионот по течението на реката Вардар.Македонски филмски хроникиВо 1951 година, македонската филмска индустрија брои нови 4 наслови. Снимен е документарецот „Културен живот во Македонија“, за кој режисерот Билбиловскидобива награда за режија и камера, од страна на Владата на НРМ. Во 9 минути е прикажано одбележувањето на петгодишнината од Македонскиот народен театар и други културни институции и збиднувања. Оваа година е реализирано уште едно дело на Дрнков. Снимен е филм за изградбата на хидроцентралата Маврово, насловен „Маврово се гради“. И Трајче Попов изработува филм на иста тема. Во неговиот „Нашите први искри“ прикажани се активностите околу хидроцентралата во селото Тресонче, на реката Радика. Оваа година се појавува и „Свилен конец“ на Јово Камберски, филм за одгледување и индустриската преработка на свилениот кожурец.Македонски филмски хроникиИ 1952 – една од најважните години во историјата на македонската кинематографија. Продуцентската компанија „Вардар филм“ го сними првиот игран филм „Фросина“, во режија на Воислав Нановиќ, а по сценарио на Владо Малески. Во 79 минути, претставена е тешката судбина на македонската печалбарска жена, која ќе остане без своите деца… Во главните улоги се: Мери БошковаПетар ВељановскиАцо ЈовановскиНаѓа ПодерегинПетре Прличко и Илија Џувалековски. Филмот премиерно е прикажан на 28 јуни во скопското кино „Култура“.
Покрај „Фросина“, оваа година се снимени и документарните филмови „Бели мугри“ на Трајче Попов и „Со бродот Македонија од Риека до Њујорк“ на Благоја Дрнков.

Филм: Гавранот (The Raven)


Убиецот може да биде запрен само од оној кој кој го инспирирал
Филм: Гавранот (The Raven)Режија: Џејмс Мектиг
Улоги: Џон Кјузак, Алис Ив, Лук Еванс
Времетраење: 110 минути
Јазик: англиски
Премиера: 27 април 2012
Жанр: трилер, мистерија
Наша оценка: 7/10
Ваша оценка: 1 Star2 Stars3 Stars4 Stars5 Stars6 Stars7 Stars8 Stars9 Stars10 Stars (22 гласа, просек: 9.09 од 10)



Овој трилер, крстен според најпознатата поема на Едгар Алан По, е обид да се расветлат последните неколку дена пред неговата мистериозна смрт. Славниот писател бил пронајден на клупа во парк во Балтимор во тешка здравствена состојба, по што набргу починал. Некои велат дека во тие моменти, во состојба на агонија го повторувал името „Рејнолдс“, други дека велел „Бог нека ѝ помогне на мојата кутра душа“. Како и да е, сè уште останува мистерија што точно се случило во Балтимор на 7 октомври 1849 година.
Филм: Гавранот (The Raven)Филм: Гавранот (The Raven)
Додека Едгар Алан По (Џон Кјузак) ги минува деновите во пишување, пиење и ковање планови како да се ожени со убавата Емили Хамилтон (Алис Ив) и покрај противењето на нејзиниот татко (Брендан Глисон), сериски убиец внесува страв во градот. Младиот детектив Филдс (Лук Еванс) ќе препознае дека убиецот е мотивиран од приказните и поемите на По и оперира според нив, па ќе побара помош од него за да го спречат убиецот и понатаму да ги претвора во реалност неговите страшни дела. Тој ќе прифати, а работите ќе кулминираат кога Емили ќе стане следната цел на убиецот.
Филм: Гавранот (The Raven)Филм: Гавранот (The Raven)
Дејството е сместено во веќе спомнатите неколку октомвриски денови на 1849 година, па сцените најчесто се темни, токму како во поемата на Едгар Алан По. Амбиентот наликува како оној од хорор филмовите, иако нема страшни сцени (со исклучок нa наколку кои изобилуваат со крв), но додава и мистериозност во самиот филм. 

Филм: Гавранот (The Raven)Филм: Гавранот (The Raven)